„Одржлива иднина за регионот Шара/Кораб-Коритник“ е нов проект којшто МЕД го започна во април 2021 година а ќе се спроведува до септември 2023 година. Главен фокус на проектот е локалното население од регионот Шара/Кораб-Коритник како главен двигател за регионален развој а истовремено и чувар на биодиверзитетот и пределската разновидност.

Во проектот предвидени се активности за регионален развој, вклучување на локалното население, намалување на заканите кон биодиверзитетот, подобрување на живеалиштата, како и зајакнување на прекуграничната соработка преку учење и размена и зајакнување на регионалниот бренд на прекуграничното заштитено подрачје.

Темите кои ги опфаќа проектот се поддршка на сточарите и пчеларите во регионот, акции за култивирање на ароматични и лековити растенија како и автохтони сорти на дрвенести растенија како и развој на туризмот во регионот.

Освен директната поддршка на локалното население предвидени се и прекугранични настани за зајакнување на капацитетите на локалните организации и локалното население, настани за прекугранична соработка како регионални конференции, прекугранични саеми и настани за промоција на регионот.

Проектот е финансиски поддржан од Германска федерална фондација за животна средина, DBU и Хуманитарната фондација Aage V. Jensen.

 

 

 

 

 

Start typing and press Enter to search