ПРОГРАМА ЗА ПОДДРШКА НА МЛАДИ ЕКОЛОЗИ „д-р Љупчо Меловски“

Со финансиска помош од Зигрид Раузинг Фондацијата, во 2021ва Македонското еколошко друштво не само што ја продолжи, туку и ја надгради програмата за поддршка на млади еколози „д-р Љупчо Меловски“. Покрај млади (до 26 години) и неискусни еколози кои можеа да аплицираат за едногодишни т.н. мали грантови, во 2021ва ја започнавме програмата за средни грантови која нуди поддршка за еколози со веќе стекнато искуство (преку мал грант од нашата програма или друг еколошки проект) и до 30 годишна возраст да може да спроведат подолготрајни (двогодишни) истражувања со повисок квалитет. Во рамките на овој повик исто така беа охрабрени да аплицираа кандидати кои работат на своите магистерски или докторски тези со еколошка тема. Покрај поголемите достапни фондови и подолгата временска рамка, грантистите од програмата за средни грантови се очекува да ги сумираат своите резултати во форма на научен труд кој до крајот на проектниот период ќе биде поднесен за рецензија и објава во научно списание со меѓународен издавачки одбор. Повикот за средни грантови беше единствениот правец во кој верувавме дека треба да се надгради оваа програма со цел МЕД да продолжи значително да придонесува кон градењето на еколошките капацитети кои очајно и се потребни на нашата држава.

Повиците за обата вида грант беа објавени на 1ви февруари 2021ва година, со краен рок за апликација на 1ви март за малите грантови и 15ти март за средните. Максималниот број на проекти кое можеа да бидат финансирани беа осум мали и пет средни. Беше оформена научна комисија според еколошките достигнувања (квалитетен список на научни публикации и докторска диплома, или во најмала рака докторски кандидат во своето поле на експертиза) и според модерниот пристап во своите истражувања што пак неминовно доведе до релативно млада комисија. Веруваме дека младите истражувачи, како што се нашите грантисти имаат потреба од водство и совет од млади но докажани научници со модерни научни и едукативни пристапи, како контраст на најчесто традиционалните пристапи практикувани на нашите универзитети.

По строг и транспарентен изборен процес, од примените апликации (осум за мали и седум за средни грантови) комисијата одбра шест успешни мали грантови и четири средни. Заедно со трите мали грантови кои се префрлаат од претходната година заради пандемијата, стигнуваме до вкупен број од 13 проекти (девет мали и четири средни) кои започнуваат во 2021ва. Прочитајте повеќе за успешните проекти на следните линкови:

 

 

 

 

 

 

 

 

Новости од програмата:

Спроведување на проекти финансирани од средни грантови

Ни претставува огромно задоволство да ви ги претставиме завршените проекти во категоријата на средни грантови при програмата за поддршка на млади еколози „д-р Љупчо Меловски” за 2021ва година. [...]

Спроведување на проекти финансирани од малите грантови

Ни претставува огромно задоволство да ви ги претставиме проектите од програмата за поддршка на млади еколози „д-р Љупчо Меловски” за 2021ва година. Годинава го следиме спроведувањето на девет [...]

Start typing and press Enter to search