ПРОГРАМА ЗА ПОДДРШКА НА МЛАДИ ЕКОЛОЗИ „д-р Љупчо Меловски“
Во рамките на програмата „д-р Љупчо Меловски“ спроведуваме јавен повик за доделување на грантови на млади еколози. Овие грантови се однесуваат на мали (едногодишни) и средни (двогодишни) проекти со силна истражувачка компонента и со следните цели:
- Поддршка и мотивирање на работата на млади еколози,
- Подигнување на јавната свест,
- Промовирање на екологијата како наука,
- Подобрување на заштитата на животната средина,
- Проучување и заштита на биодиверзитетот и природата.
Досега програмата е спроведена три пати. Во 2009 и 2010 година Македонското еколошко друштво поддржа 15тина млади еколози, додека пак во 2020 година беа доделени уште осум грантови. Многу од овие студенти и млади ентузијасти сега работат во областа на научно истражување и/или заштита на животна средина во граѓански организации (меѓу кои и МЕД) и академски институции на локално и меѓународно ниво. Ваквите резултати се индикација за постигнување на главната цел на програмата, односно МЕД обезбеди сериозна поддршка кон градењето на национални еколошки капацитети. Постоењето на овие капацитети е сериозен исчекор кон постигнување на стратешките цели на организацијата, но и кон поддржување на европските аспирации на нашата држава.
Лице за контакт: Драган Арсовски arsovski@mes.org.mk