, ,

Подари дом за модровраната – донирај денес!

100 ден

Изберете износ

 

Некогаш широко распространета низ котлините во Македонија, модровраната (Coracias garrulus) денес ја сретнуваме само во Овче Поле, Скопската котлина и низ Повардарието до Демир Капија. Губењето на старите дрвја и на природните дупки за гнездење за оваа птица значи ограничени можности за размножување и поранлива популација.

Освен што е прекрасна птица, модровраната им е важен сојузник на земјоделците. Се храни со големи инсекти и мали глодари и така природно ги регулира штетниците. Нејзиното присуство е показател за здрав и добро зачуван земјоделски предел.

Сакајќи да ја подобриме популацијата на модровраните кај нас, во последните неколку години поставивме куќарки во кои, на наше големо задоволство, успешно се гнездат сè повеќе парови.

Но, за да можеме да обезбедиме сигурен дом за што повеќе модроврани, ни треба твојата поддршка! Ако сакаш да ни помогнеш, донирај толку колку што можеш – малку е потребно за да се направат убави нешта!

Ти благодариме од сè срце!

Scroll to Top