Средни грантови (2022-2023)
Во текот на 2022 и 2023 година беа реализирани два истражувања како дел од Програмата за поддршка на млади еколози „Д-р Љупчо Меловски“. Во продолжение ви ги претставуваме кратките резимеа на [...]
ПРОГРАМА ЗА ПОДДРШКА НА МЛАДИ ЕКОЛОЗИ „д-р Љупчо Меловски“
ПРОГРАМА ЗА ПОДДРШКА НА МЛАДИ ЕКОЛОЗИ „д-р Љупчо Меловски“
Во рамките на програмата „д-р Љупчо Меловски“ спроведуваме јавен повик за доделување на грантови на млади еколози. Овие грантови се однесуваат на мали (едногодишни) и средни (двогодишни) проекти со силна истражувачка компонента и со цел младите еколози да ги изградат своите лични капацитети за спроведување и известување на еколошки истражувања. Проектите може, но не мора да исполнуваат и други цели, како кревање на јавната еколошка свест и заштита на животната средина и природата.
Досега програмата е спроведена седум пати. Во 2009 и 2010 година Македонското еколошко друштво поддржа 15тина млади еколози,. Многу од овие студенти и млади ентузијасти сега работат во областа на научно истражување и/или заштита на животна средина во граѓански организации (меѓу кои и МЕД) и академски институции на локално и меѓународно ниво. Ваквите резултати се индикација за постигнување на главната цел на програмата, не за жал, беше тешко финансиски да се одржи истата. На наше огромно задоволство, една деценија подоцна (во 2020) успеавме да ја обновиме со финансиска помош од фондацијата Сигрид Раузинг. Програмата сега го носи името на еден од најактивните Македонски еколози, покојниот „д-р Љупчо Меловски“, долгогодишен претседател на МЕД и нејзин иницијатор во 2009.
Лице за контакт: Драган Арсовски arsovski@mes.org.mk