Членови на МЕД се оние поддржувачи кои ја делат нашата визија за земја во која граѓаните ја ценат и негуваат природата, ја заштитуваат животната средина и се стремат кон економски развој заснован на принципите на одржливост.
Членовите на МЕД на различни начини ја поддржуваат нашата работа, од следење на достигнувањата, давање идеи за нови предизвици преку експертска и научна поддршка на нашите стратегии до едноставно уживање во природата.
Членовите се оние кои го создале МЕД, кои ја оддржуваат неговата релевантност и оние кои ги донесуваат најважните одлуки за стратешко дејствување.
Зачленете се во МЕД за да покажете дека поддршката е вистинска и дека можеме да сметаме на вас во долгите битки за природата и нашето место во неа!
Член на МЕД се станува со пополнување на пристапница и уплаќање на годишната членарина.Членството се продолжува секоја година. Уплатата на членарината може да се изврши со банкарски трансфер кон Комерцијална Банка АД Скопје, на жиро сметка: 300000000278717 и даночен број: 4030985348821 или преку интернет. Пополнувањето на пристапницата ве носи кон интернет уплата на членство.
Доколку сакате детално да се запознаете со основните права и обврски на членовите погледнете го нашиот Статут.
Политика за приватност на податоците.