Connection Information

To perform the requested action, WordPress needs to access your web server. Please enter your FTP credentials to proceed. If you do not remember your credentials, you should contact your web host.

Connection Type

Пописот се состоеше од броење на гнезда и младите во нив. Сега се знае дека во Македонија има точно 817 гнезда на штркови и во нив има 2027 млади и 1634 возрасни. Во оваа голема акција се вклучија волонтери и локално население од над 1000 села во Македонија.

Попис од ваков вид последен пат е спроведен во 1958 година од научникот Р.Јоветич. Тогаш во Македонија имало вкупно 1132 активни гнезда (315 гнезда повеќе од 2015 год.), во нив имало вкупно 3576 млади (1549 млади повеќе од 2015 год.) и за разлика од сега, кога најголем број од гнездата се на електрични столбови или слични конструкции, во 1958 година најголем број од гнездата биле на куќи.

Распространетоста и бројноста на штрковите ни го подобрува разбирањето за тоа како можеме да ја зачуваме животна средина и нашите омилени предвесници на пролетта. Овие птици се ширoко прифатени како симбол на зачувана природа и нивното присуство во наша близина гарантира дека живееме во здрава средина.

Штрковите во Македонија се сметаат за богатство и тие се чест симбол во многу легенди и преданија. Едно од верувањата е дека штрковите заминуваат за Африканскиот континент по празникот Макавеј на 14 август.

Почнете да пишувате и стиснете Enter за да пребарате