МЕД во соработка со Велосипедски кружок Милтон Манаки и Велосипедско планинскиот клуб ПреспаБајк организираа на средина на септември, настан за набљудување на птици со велоспидиска тура околу Преспанско Езеро. Настанот имаше за цел да ги приближи птиците кои се среќаваат на Преспанско езеро до велосипедистите во рамки на Европските денови на набљудување на птици. Преку неколку точки за набљудување и одмор на Претор, Горно Перово, Сирхан и Стење учесниците научија нешто повеќе за користење на двоглед и телескоп за набљудување на птици, дознаа нешто повеќе за птиците кои се среќаваат околу Преспанско езеро преку цела година, и зошто појасот на трската околу Паркот на Природа Езерани е значаен и за птиците и за сите нас. Ја посетвме и локалната канцеларија на МЕД во Ресен, каде учесниците се запознаа со активностите за зачувување и промоција на биодиверзитетот на езерото и напорите за негова заштита. Со научени интересни факти за птици, нови способности за набљудување птици и неколку подароци од МЕД учесниците изразија желба ваква активност да се организира повторно.

 

 

Start typing and press Enter to search