Акциониот план за заштита на рисот во НП Маврово

TНа 4 и 5 ноември 2013 година, Македонското еколошко друштво и Националниот парк Маврово ја организираа и втората работилница за изготвување на Акционен план за заштита на балканскиот рис. На оваа работилница беше развиена рамката за акциониот план со дефинирани цели и активности. На настанот присуствуваа шумските инженери, ревири и ренџери на паркот, тимот за заштита на рисот од МЕД и нашите партнери во проектот од невладината КОРА од Швајцарија. На оваа работилница присуствуваше и официјален претставник од Министерството за животна средина и просторно планирање и Шумарскиот факултет од Скопје. Работилницата беше фацилитирана од страна на професионален олеснувач со големо искуство од областа на управување со крупни месојади.

Следната средба е закажана за 16-18 декември на која ќе се финализира Акциониот план и ќе се работи на нов пилот проект за заштита на рисот во границите на паркот.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top