Tврдокрилците од Јабланица, нови податоци од Срна Мајсторовиќ

Секоја наша теренска активност е дочекана со големо нетрпение да се отиде на терен во потрага по омилените инсекти. Сапроксилните тврдокрилци беа прилично активни овој период и ги полнеа нашите ентомолошки замки. Со најголемо задоволство и радост споделуваме дека успеавме да ја најдеме ретката Osmoderma eremita, европски ендемит со приоритетен статус за заштита. Истовремено им се радувавме и на пронајдените Herophila tristis, Dorcus parallelipipedus, Morimus asper, Cerambyx cerdo, Aegosoma cf. scabricorne, Rutpela maculata и Hylotrupes bajulus, кои го поттикнаа нашиот ентузијастички дух да ги идентификуваме до вид. Крајот на последните теренски активности ни се ближи, а дождливите и ладни зимски денови ќе ни бидат исполнети со многу лабораториска работа и надоградување на знаењето за оваа разнообразна група на тврдокрилци.

Рачно пребраување на кора од стебло на бука
Претставници на родовите dorcus и osmoderma
Колекционирање на собраниот материјал
Чистење на проби земени од замки на терен

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top