Првата прекугранична виртуелна летна школа за студенти од трите земји кои го делат преспанскиот басен заврши, a ние не можеме а да не бидеме воодушевени од резултатите и благодарни за соработувачкиот дух во кој оваа летна школа за управување и мониторинг на влажни живеалишта беше организирана и спроведена. Одлуката да се спроведе настанот целосно виртуелно беше неизбежна поради глобалната здравствена криза, сепак, позитивниот исход како за учесниците така и за организаторите може да се препише само на заедничките напори и ентузијазмот на  учесниците.

Главната цел на летната школа беше да се споделат и истражат начините на кои може да се пристапи кон проблемите за управување со водните живеалишта, користејќи ги активностите спроведени од Дрштвото за заштита на Преспа во рамките на нивниот проект за водни птици на Малото Преспанско Езеро, како и прекуграничното искуство на работата спроведена од Преспанет мрежата во рамките на проектот „Прекугранична заштита на регионот Преспа преку заеднички партнерски акции на Преспанет“. За да се постигне оваа цел, виртуелната летна школа беше структурирана околу четири типа на едукативни активности: интернет предавања и дискусии, кратки видеа од терен, дополнителен материјал за читање и работа во групи.

На летната школа учествуваа 14 млади научници од областа на науките за животната средина, како биологијата, екологијата и шумарството, кои студираат на универзитетите во Северна Македонија, Албанија и Грција. Покрај тоа, претставници од трите невладини организации кои ја сочинуваат Преспанет мрежата – МЕД, ППНЕА и СПП  беа поканети да се приклучат на предавањата на интернет, придонесувајќи во дискусиите за прашањата поврзани со мониторинг и управување од прекугранично значење.

Летната школа им овозможи на главните домаќини од Преспанет да научат многу за организирање на еден ваков виртуелен настан, истовремено презентирајќи ја работата на мрежата на водни птици, риби, прекугранично управување со води и управување и мониторинг на водни живеалишта. Tour du Valat, од Франција и Националната обсерваторија од Атина исто така, придонесоа многу со своите интересни предавања за нивната работа на климатските промени и водната вегетација, а презентацијата на прекуграничнотото картирање на типовите на живеалишта кое беше спроведено од Преспанет предизвика интересна и стимулативна дискусија. Дополнителни предавања беа спроведени и од Грчкиот центар за морски истражувања и Грчкиот центар за водни живеалишта.

Студентите за летната школа рекоа дека е „супер интересна“, „продуктивна“, „фантастично искуство каде што научив многу за две недели“. Тие особено ги потенцираа различностите и многуте различни погледи на предавањата, додека сметаа дека дополнителниот материјал ја направи подиректна, и дека постепеното споделување на информации овозожи полесно разбирање на сите концепти. Сите истакнаа дека уживаа во чувството на меѓународна соработка и тимска работа, при што повеќемина изјавија дека искуството ги надмина нивните очекувања.

Особено интересен коментар беше дека можностите за развој на идеи на повисоко ниво што ги нуди летната школа би можеле да бидат извор на решавање проблеми во иднина, инспиративна забелешка која особено ја потенцираше вредноста на летната школа – која не служи само да се пренесат и истражат комплексните проблеми за управување и мониторинг на влажните живеалишта во Преспа, туку и да се создаде средина во која ќе се изнаоѓаат креативни решенија меѓу идните генерации на еколози!

Целото искуство, ново за многу од нас – само ја потенцираше важноста на интердисциплинарниот пристап во управувањето и мониторингот на влажните живеалишта, како и незаменливата вредност на силната прекугранична соработка и не научи дека подготвеноста да учиме комбинирано со нови технологии може да ни помогне да ги надминеме нашите сегашни потешкотии и да поттикне нов пристап во справувањето со соодветните практики за зачувување и реставрација на водните живеалишта.

Start typing and press Enter to search