Средбата на членството на МЕД е претходник на средбите на нашето претседателство и нашето собрание, овој пат нашата средба беше одржана на 10 јануари во МКЦ ресторан. Нашите членови ги поздрави претседателот на МЕД, д-р Славчо Христовски, и извршната директорка м-р Робертина Брајаноска, а особена чест ни беше дека на средбата се обрати и основачот на МЕД, д-р Љупчо Групче.
Овој пат на средбата имавме можност и длабоко да им се заблагодариме и да ги пофалиме Хероите на природата, Емануел Лисичанец за неговата работа на зачувување на мршојадците во Македонија и Виолета Јанева за нејзината визионерска поддршка на Селото на штркови. Оваа престижна награда им беше доделена од страна на Претседателот на BirdLife International.
Средбата на членство е форумот на кој нашите членови можат подетално да дознаат на какви проекти работи МЕД, како се спроведуваат нашите програми и стратегии и да влијаат на нашето работење преку делегатот на членство кој е член на Собранието.
За сите кои не можеа да дојдат во прилог се видеата од нашата работа во 2018 година и кратко видео за мрежата на која ѝ станавме партнери за Македонија – BirdLife International.