Следниот четврток ќе се одржи Јавна научна трибина за „Состојбите со загадувањето на животната средина“

Загадувањето на животната средина е постојано актуелен и сериозен проблем. Евидентирањето на загадувањето на сите медиуми во животната средина е задача на научната и стручната јавност, преку истражувачки проекти и континуиран мониторинг, кои, за жал, често не можат да одржат чекор со брзите промени.

Со цел јавна презентација на дел од поновите научни истражувања за загадувањето на воздухот, почвата и водата во Македонија, организираме научна трибина која ќе се одржи на 18.12.2025 година (четврток) во Кинотека на Македонија во Скопје, со почеток од 13:00 часот.

На трибината свои предавања ќе одржат:

– проф. д-р Трајче Стафилов од Природно-математичкиот факултет во Скопје – Институт за хемија, на тема „Загадување на животната средина – посебен осврт на тешки метали“

– м-р Сузана Андонова од Министерството за животна средина и просторно планирање, на тема „Перзистентни органски загадувачи (POPs)“

– проф. д-р Марина Стефова, од Природно-математичкиот факултет во Скопје – Институт за хемија, на тема „Следење на состојбите со органски загадувачи во воздухот во Скопје„

– проф. д-р Ивица Милевски, од Природно-математичкиот факултет во Скопје – Институт за географија, на тема „Сателитски снимки како показател за квалитетот на воздухот“.

На настанот исто така ќе биде проектиран краток документарен филм за чистењето на линданот од ОХИС.

Со оваа трибина се надеваме дека ќе им помогнеме на носителите на одлуки, особено на Министерството за животна средина и просторно планирање, во креирањето на ефективни стратегии, а граѓанските организации ќе добијат полесен пристап до релевантни податоци.

Scroll to Top