Првиот фото конкурс за Балканскиот зелен појас заврши! Им благодариме на сите кои одвоија време да учествуваат. Добивме 111 фотографии, но моравме да избереме 5 најдобри!
Првонаградена е фотографијата Бескраен Хоризонт на Драган Апостолски.
– Погледот е од врвот Љуботен кон западниот дел од Шар планинскиот масив. Сонцето и облаците во хоризнтот го предизвикаа мотивот за оваа фотографија. Добив чувство дека никогаш не завршуваат.
Второнаградената е фотографијата од Кораб на Сашко Стефановски.
– Снимена во Септември 2012г. на планинарски марш кон Голем Кораб. На фотографијата се гледаат врвовите Рибничка Скала 2305м.н.в и Кабаш 2395м н.в.
Третонаградената е Светлински зрак на Стефан Џалев.
– Пелистер, за време на зајдисонце.
Plebejus на Џафа, Галичица на Дејан Димиџиевски е четвртонаградената фотографија.
Петто наградената на Доријан Миловановиќ – Кобилица, Шар Планина.
– Променливо време, со многу облаци и ветер, но тоа не е проблем за овчарот да ги изнесе овците на пасење, на ова прекрасно место со најзелена трева.
Наградите се:
1.Екскурзија во националниот парк Шварцвалд во Германија;
2.Промотивна брошура на фотографот – биографија и фотографии од наградениот фотограф (10 примероци);
3.Еднодневна посета на дел од зелениот појас во Македонија;
4.Еднодневна посета на дел од зелениот појас во Македонија;
5.Изданија на Македонско еколошко друштво.
Им честитаме на победниците!The First Balkan Green Belt photo contest is over! Thank you to everyone who took their time to participate. From 111 entries we had to choose the best 5!
The winning photo is Endless horizon by Dragan Apostolski.
– The view is from the top Ljuboten on Shar Mountain. The sun and clouds in the horizon inspired this photo. I got the feeling that they never end.
Second place is for Korab by Sashko Stefanovski.
– Taken in September 2012 on a mountain hike on peak Golem Korab. You can see the peaks Ribnichka Skala 2305m asl and Kabash 2395 m asl.
Stefan Djalev with “A beam of Lights” takes the third place.
– Sunset on Pelister.
Dejan Dimidjievski with Plebejus on Galichica is on fourth place.
Fifth place for Dorijan Milovanovikj – Kobilica, Shar Mountain.
– Lots of clouds and wind but that’s not a problem for the shepherd to take his sheep on this beautiful place.
The prizes:
1. Excursion to the national park Schwarzwald in Germany
2. Promotional Brochure (10 copies) of the awarded photograph – with his biography and photos
3. One day excursion to locality that is part of the green belt in Macedonia
4. One day excursion to locality that is part of the green belt in Macedonia
5. MES published editions
Congratulations!
In the gallery below the text you can see the winning photos ordered from first to the fifth.