Ни претставува огромно задоволство да ви ги претставиме одобрените проекти при „Програмата за поддршка на млади еколози д-р Љупчо Меловски”. На повикот добивме 19 апликации со висок квалитет. Вкупниот буџет (600.000,00 денари) дозволи финансирање на 11 проекти. Сите одобрени проекти, со исклучок на еден, се занимаваат со проучување на биодиверзитетот а апликантите беа на возраст до 26 години. Четири проекти ќе ја проучуваат терестричната екологија, два хидробиологијата, еден проект е на тема агроекологија и еден на тема урбана екологија. Особено не радува што поголемиот дел од проектите имаат еколошко едукативна компонента и дополнително ќе придонесат кон заштита на животната средина.
Им посакуваме многу успех на кандидатите и веруваме дека нивниот ангажман на проектите ќе биде вистинска отскочна даска кон успешни кариери како идни еколози!
Наслови на одобрените проекти:
- Разновидност и дистрибуција на краткокрилците (Coleoptera: Staphylinidae) на Шар Планина (“Catena mundi“)
- Екосистемско истражување на шумските тресетишта во срцето на Шар Планина: врски помеѓу биомасата, флористичкиот состав, трансформациите на азот во почвата и почвените микроорганизми
- ВАлоризација на ДИјатомејскиот состав во ВОдните станишта во ДемирхисАрскиот регион (ВАДИВОДА)
- ДИјатомеи во ВАлоризација на водни и влажни станишта на Кожуф (ДИВАК)
- Диверзитет и дистрибуција на сапроксилната тврдокрилна фауна на планината Јабланица и течението на реките Црн Дрим и Радика
- Дистрибуција и екологија на црната вдовица (Latrodectus tredecimguttatus) во Македонија
- Дистрибуција и бројност на модровраната (Coracias garrulus) во рамничарскиот дел од Скопската Котлина
- Распространување и конзервациски статус на реликтниот папрат Ophioglossum vulgatum на планината Кожуф
- Утврдување на хабитати според директивата на живеалишта во СП ,,Маркови Кули” и проценка на конзерваторскиот статус
- Воспоставување методи за одредување и мониторинг на испарливи органски соединенија во воздух во подрачјето на град Скопје
- Проценка на видовиот состав на инвертебратната терестрична фауна во агроекосистеми во делови од Пелагонија, пропратена со хистопатолошка анализа на претставници од Lumbricus