Македонското еколошко друштво (МЕД) и Германската фондација Еуронатур (EuroNatur), објавуваат повик за поднесување на проекти кои се однесуваат на локален одржлив развој на подрачјето на Шар Планина. Повикот е во склоп на проектот „Промоција на природните вредности на Шар Планина преку едукација за животната средина и инволвирање на „засегнатите страни“, кој се имплементира од страна на EURONATUR и МЕД. Овojпроект е финансиски поддржан од Германската федерална фондација за животната средина (DBU).
Предложените проекти треба да припаѓаат кон следните тематски активности:
1. Подигање на јавната свест и едукација за животна средина и природата (за локално население и/или за туристи);
2. Изработка на информативен материјал за животната средина и природата (за локалното население и/или за туристи);
3. Одржливо искористување на природните вредности како извор на приход.
Легитимни субјекти за поднесување на предлог проекти се:
– Општините Јегуновце, Теарце, Тетово, Боговиње, Врапчиште и Гостивар, нивните месни заедници и организации кои гравитираат на подрачјето на Шар Планина;
– Здруженијата на граѓани со седиште во горенаведените општини кои гравитираат на подрачјето на Шар Планина;
– Правни и физички лица со седиште/место на живеење во горенаведените општини кои гравитираат на подрачјето на Шар Планина;
– Партнерства формирани од два или повеќе субјекти од погоре наведените општини.
Финансирањето на еден проект ќе се движи од 500 до 3000 € во денарска противвредност од горенаведените теми (1, 2 или 3). Една организација може да аплицира со повеќе проекти. Кофинансирање на предлог – проектите од други извори е возможно и се поттикнува. Предлозите треба да бидат изготвени според упатствата и формуларот кои може да се добијат тука на македонски јазик и тука на албански јазик или од:
– канцеларијата на МЕД (лице за контакт: Диме Меловски, тел.: 02 2402-773 и 2402-774; e-mail: melovskid@mes.org.mk)
– канцеларија на Центарот за развој и унапредување на јавниот живот (ЦРУJЖ) Тетово (лице за контакт: Борислав Павловски, тел.: 044 339-744; email: crujzte@yahoo.com)
Потребни документи:
1. Потпишано пропратно писмо;
2. Пополнет формулар;
3. Детален буџет на проектот;
4. Потврда за обезбедено кофинансирање на проектот, доколку истиот предвидува кофинансирање;
5. Потпишан документ за меѓусебна соработка доколку повеќе субјекти го поднесуваат предлог-проектот.
Предлог проектите треба да бидат доставени најдоцна до 30.12.2011 година до Македонското еколошко друштво на следната адреса:
Македонско еколошко друштво, бул. Кузман Јосифовски Питу бр. 28/3-7, 1000 Скопје
Или преку email на Диме Меловски или Борислав Павловски.