Педесет учесници од петнаесет земји присуствуваа на првиот регионален состанок на Платформата на ЕУ за соживотот помеѓу луѓето и крупните месојади во динарскиот регион, кој се одржа на 6 ноември 2018 година во Будва, Црна Гора. Учесниците притоа заклучија дека ваквата платформа е од суштинско значење за прекуграничната соработка, размената на знаења и искуства, како и управувањето со популациите на крупни месојади на територијата на регионот на Динаридите.

Динарскио-пиндскиот планински регион е еден од најбогатите европски региони во поглед на биолошката разновидност, вклучувајќи ги трите видови крупни месојади – мечката, волкот и рисот. Учесниците на состанокот заклучија дека од огромно значење е формирање на Платформа на Динаридите, како единствен пример за заедничко управување на популациите на крупни месојади во 10 земји, што е одличен пример за остатокот од Европа.

Средбата на засегнатите страни беше во организација на Светската организација за заштита на природата – WWF Adria, IUCN, Европската иницијатива за крупни месојади – LCIE, организацијата „Паркови на Динаридите“, Центарот за истражување и заштита на птици на Црна Гора и EuroNatur.

 

Start typing and press Enter to search