Оваа работилница претставува една од последните активности што МЕД ги реализира во рамките на втората фаза од проектот „Програма за закрепнување на балканскиот рис, кој има за цел заштита и зачувување на автохтоната популација на балканскиот рис во Република Македонија.

Работилницата беше организирана во Демир Хисар на 20ти ноември 2012 година каде најважни слушатели беа претставниците од шумарскиот сектор и индивидуалните сточари и одгледувачи на овци и добиток од регионот на Илинска – Плакенска Планина, како и од Јабланица и Шар Планина. Сточарите и шумарите претставуваат целни групи кои активно, но индиректно се вклучени во заштитата со дивечот во Република Македонија. Од особено значење беше и присуството на претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на РМ, како и на градоначелниците на општините Демир Хисар и Вевчани.

Во текот на работилницата, освен што беа претставени резулататите од досегашните истражувања и идните насоки на МЕД во рамките на проектот, беа презентирани и позитивните страни во примената на традиционалните практики на одгледување на стока, како можно делување во рамките на идните заштитени подрачја кои МЕД ги предлага, како и предлози за одржливо управување и искористување на шумскиот потенцијал во овие подрачја.

На задоволство на тимот на МЕД кој повеќе години работи на проблематиката поврзана со заштитата на рисот, во текот на работилницата беа презентирани многу интересни предлози и идеи за зедничко делување на овие простори.

Start typing and press Enter to search