ПК Бигла-Илиница ја организираа завршната активност од микрогрантот “Заљубување во птиците”, финансирана од проектот Развој на капацитети за зачувување на преселните патишта за птици долж Медитеранот.
Оваа дводневна активност подразбираше обука на сопствените капацитети (најмладите членови на планинарскиот клуб) – во училница и на терен – со методологијата на препознавање птици и учење за нивната миграција.
Преку посета на Белчанските вирови – учесниците имаа шанса да научат како се користи двоглед и да развијат основни способности во препознавање на птици – преку форма, изглед, звук, боја, живеалиште и преку интересни начини на однесување.
Потоа, следеше учење на таксономијата на видовите – преку игра на меморија и асоцијација. Дополнително, со цел да се научи повеќе за миграцијата како феномен – учесниците играа игра – Миграцијата и нејзините предизвици за птиците.
На крај, скоро сите учесници изразија интерес дека вакви настани треба да се случуваат почесто и на посистематски начин, преку вклучување на други таксономски групи.