МЕД ја претстави Студијата за валоризација на Осоговските Планини на четири јавни расправи во Осогово

Македонско еколошко друштво во август учестуваше на четири јавни расправи за прогласување на дел од Осоговските Планини за заштитетен предел, организирани од министерството за животна средина и просторно планирање со цел вклучување на јавноста во процесот. Јавните расправи се одржаа во Кочани, Македонска Каменица, Пробиштип и Крива Паланка.

Претставниците од МЕД ја презентираа Студијата за валоризација на Осоговските Планини со предлог граници на подрачјето и го потенцираа значењето на регионот и категоријата за заштита.

  • Поради вековната присутност на локалното население со традиционални практики и користење на ресурсите, на Осогово се формирале уникатни предели кои одлично се вклопуваат во предложената категорија, а тоа е петта категорија односно заштитен предел. Се очекува идниот управувач ЈП „Национални Шуми“ при изработка на Планот за управување со заштитениот предел повторно да вклучи засегнати страни и да ги дефинира деталните начини за заштита особено во зоната за строга заштита, изјави Деспина Китанова, раководител на програма во МЕД.

На јавните расправи присуствуваа и се обртија градоначалниците на Кочани, Крива Паланка, Пробиштип и Македонска Каменица, претставници на МЖСПП, локално население и засегнати страни од регионот на Осогово.

Реализацијата на овие активности се поддржани од Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија (ПЗП), проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), а координиран од „Фармахем“ од Скопје.

Scroll to Top