Времетраење: март 2020 година – февруари 2022 година

Финансиер: Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР)

Водечки партнер во проектот: Институт за комуникациски студии – Скопје (ИКС)

Цел на проектот: Да се обучуваат екоактивисти и ученици од Пелагонија, Охрид, Струмица, Тиквеш, Демир Капија и Преспа како да иницираат и претстават одреден проблем во нивниот регион, а во чие решавање ќе ги вклучат граѓаните и институциите. Проектот предвидува и изработка на онлајн едукативни ресурси, обуки, еко-камп, теренски истражувања, кои треба да придонесат кон создавање модел на неформално образование што и во иднина ќе може да се користи во случај кога се прекршува правото на здрава животна средина.

Лице за контакт: Фросина Пандурска-Драмиќанин pandurska@mes.org.mk

Проектни Активности

Младите заслужуваат квалитетна едукација за животна средина – едукативни ресурси за идни лидери за заштита на животната средина

Заврши проектот SHAPE „Локална акција за подобри политики за заштита на животна средина” во кој се обидовме да се доближиме до младите и да креираме идни лидери за заштита на животната средина. [...]

Локални приоритети за заштита на животната средина во регионите со заштитени подрачја

ИКС го објави истражувањето: „Локални приоритети за заштита на животната средина во регионите со заштитени подрачја“ (Демир Капија, Преспа, Струмица, Пелагонија, Тиквеш и Охрид) Кои се [...]

Избрани шесте грантисти кои ќе решаваат локални проблеми за заштита на животната средина

Заедно со Институтот за комуникациски студии (ИКС) ги избравме шесте граѓански организации кои во партнерство со средни училишта од регионите со заштитени подрачја (Пелагонија, Охрид, Струмица, [...]

Повик за доделување грантови за иницирање на решенија за локални проблеми од животната средина

Во партнерство со Институтот за комуникациски студии (ИКС) објавуваме повик за доделување грантови за граѓански организации од регионите со заштитени подрачја (Охрид, Преспа, Демир Капија, [...]

Средношколци од шест региони се изјаснија за главните проблеми со животната средина

Дискусијата со групата средношколци и професори од Демир Хисар беше последната од низата фокусни групи и интервјуа кои Институтот за комуникациски студии (ИКС) ги спроведе во рамки на проектот [...]

Младите од шест региони во земјава ќе учат како да станат екоактивисти – нов проект на МЕД и ИКС

Шест граѓански организации заедно со средношколци од шест региони во земјава ќе иницираат решавање локални проблеми за заштита на животната средина. Македонското еколошко друштво (МЕД) и [...]

Start typing and press Enter to search