Во Зоолошката градина – Скопје викендов на 07-08.04.2012 со почеток од 12 часот, ќе се презентира кампањата Пролетта Доаѓа.
Кампањата ПРОЛЕТТА ДОАЃА се спроведува по трет пат во Македонија од страна на Македонското Еколошко Друштво, спонзорирана од Мицубиши Фонд за Европа и Африка. Дознај повеќе на http://www.springalive.net/. Оваа страница од минатата година е целосно преведена на македонски јазик а нејзините содржини постојано се збогатуваат. Преку интернет страницата може да се пријави првото забележување на птиците преселници, но и да се најде богатство на информации за малите орнитолози. Птиците за кои се известува во кампањата се белиот штрк, селската ластовичка, пиштарката, кукавицата и пчеларката.
Придружи ни се! Кажи ни дали виде птици преселници, научи повеќе за нив, цртај и забавувај се со нас. Мали пролетни подароци има за сите учесници а ќе дознаеш и како до поголеми подароци.