Договорниот орган Македонско еколошко друштво (МЕД), преку проектот „Зачувување на популацијата на кафеава мечка во Динарско-Пиндскиот масив“ (Project 101214048 – LIFE24-NAT-DE-LIFE DinPin Bear), проект за надворешни активности на Европската Унија, спроведуван од Македонско еколошко друштво, објавува јавен повик за спроведување на постапка за доделување договор за набавка на ново и некористено патничко моторно возило со погон на сите четири тркала (4×4).
Предметот на набавката е едно (1) возило наменето за потребите на Македонско еколошко друштво, кое ќе се користи за реализација на активностите предвидени во рамките на наведениот LIFE проект, вклучително и за патување и теренска работа.
За таа цел, договорниот орган спроведува постапка за доделување договор за набавка на стоки со број 04/2026.
Ве молиме да ни ја доставите Вашата понуда со целокупната потребна документација за предметот на набавката, по пошта или лично, на следната адреса:
Македонско еколошко друштво
ул. „Тодор Скаловски“ бр. 9А
1000 Скопје
Понудата треба да биде доставена најдоцна до 11.09.2026 година до 15 часот. На надворешниот плик задолжително треба да биде наведено: „За јавен повик бр. 04/2026“, како и предупредувањето „Да не се отвора пред датумот за отворање на понудите“.
Дополнителни прашања во врска со повикот може да се достават на следната е-адреса: nikolov@mes.org.mk, не подоцна од 15 дена од денот на објавување на повикот.
Целосната документација за јавниот повик може да се преземе во ПДФ формат на следниот ЛИНК.
