• Индустриските објекти се препознаваат како сериозни загадувачи на опасен и штетен отпад
  • 99% од испитаниците велат дека треба да бидат информирани за присуството на потенцијални опасни и штетни материи во нивната непосредна околина
  • Телевизиските медиуми убедливо се најпосакуваните начини за информирање на граѓаните за присуството на потенцијални опасни и штетни материи во нивното непосредно опкружување
  • Повеќе од половина од испитаниците тврдат дека во овој момент тие се многу малку или воопшто не се информирани во врска со ризиците по животната средина
  • Повеќе од 2/3 од испитаниците ја оценуваат ситуацијата со загадувањето на животната средина во нивната непосредна околина како многу лоша
  • Речиси половина од испитаниците целосно се согласуваат дека ОХИС веќе ја загадува нивната непосредна околина со несоодветно отстранување на отпадот
  • Околу 1/3 од испитаниците знаат што е линдан. Речиси сите од овие испитаници тврдат дека линданот претставува закана за нивното здравје и дека тоа е загадувачка закана за нивната непосредна околина
  • Испитаниците кои се изјасниле дека имаат бунари и одгледуваат разни растителни култури не се целосно свесни за опасноста од користење на загадена вода и овошје/зелечук/житарки. Исто така, речиси половина од испитаниците сметаат дека почвата е контаминирана во нивната непосредна околина
  • 48,6% од испитаниците тврдат дека слушнале за иницијативата за отстранување на линдан
  • 72,4% од испитаниците тврдат дека иницијативата за отстранување на линданот позитивно ќе влијае на нивното здравје и нивната непосредна околина
  • Речиси сите испитаници тврдат дека сакаат да бидат информирани за процесот на чистење на линданот од нивната околина

*Истражувањето беше спроведено на репрезентативен примерок од 210 испитаници од општините Кисела Вода, Аеродром и Гази Баба во декември 2018 година.

 

Start typing and press Enter to search