Европски денови на набљудување на птиците 2011 – Придружете ни се во прославата!

Во наредните недели милиони птици преселници ќе ја напуштат Европа до нивните места за презимување во Африка. Годинава партнерски организации на BirdLife International од 37 земји од Европа и Централна Азија ќе организираат едукативни и теренски настани со цел набљудување на птиците и нивната преселба, како дел од прославата на Европските денови на набљудување на птиците 2011 (Eurobirdwatch 2011)

Што е Eurobirdwatch?

Насекаде низ Европа, во првиот викенд на октомври, години наназад, се одбележуваат денови на набљудување на птиците, организирани од Birdlife International. Ова е дел од World Birdwatch, глобална иницијатива, започната пред 12 години, чија цел е вклучување на што е можно повеќе луѓе во набљудување птици, на барем еден викенд во годината и собирање на што поголем број податоци од набљудувањата.

Одбележувањето на Eurobirdwatch 2011 во Македонија ќе се одвива  на 1-ви и 2-ри октомври, со два теренски и неколку едукативни настани на два локалитета:

  • Саботата е резервирана за посета на клисурата на р. Бабуна (поаѓање во 9 часот од вливот на р. Бабуна во р. Вардар, близу кланицата Агриа – 5 км јужно од стариот пат за Градско)
  • Недела наутро преселбата на птиците ќе се следи од ридот Куфиљук кај Гевгелија (од 9 часот наутро), од каде има добра прегледност на Вардарската долина во Гевгелиската котлина

Покрај следење на преселбата на птиците, целта на настанот е запознавање на луѓето со методите на набљудување на птиците и ширење на оваа пракса.

За  детални информации како да ни се придружите на оваа прослава, информирајте се директно во канцеларијата на МЕД.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top