Македонското еколошко друштво заедно со Локалната агенција за развој на Струга на четврти jуни 2014 година организираше едукативен пикник за најмладите од Општина Струга и Општина Вевчани под мотото „Да се запознаеме со природните вредности на Планината Јабланица“.
30-ина ученици од основните училишта во Струга и Вевчани преку едукативни игри се запознаа со природните ресурси на Јабланица во Еко инкубаторот во Струга, а потоа преку прошетка во Општина Вевчани најмладите на непосреден начин се запознаа со природата на Јабланица.
Овој настан е заедничка активност на проектот “Подобрување на прекуграничната соработка и развој на планинскиот масив Јабланица –Шебеник преку активна вклученост на локалното население“, спроведуван од МЕД и проектот “Сино и зелено наспроти црно и сиво” спроведуван од ЛДА, Струга. Двата проекти се финансирани од ИПА програмата за прекугранична соработка со Албанија.
Фокусот на двата проекти е да се едуцира локалното население за правилниот начин на искористување на природните ресурси во регионот и да се подобри одржливиот развој во регионот.On the 4th of June, 2014. Macedonian Ecological Society along with the Local Agency for Development of Struga organized educational picnic for the youngest of the municipality of Struga and the municipality of Vevchani under the slogan ‘Discover the natural values of Jablanica.’
30 students from several elementary schools in Struga and Vevchani were introduced to the natural resources through educational games in the ‘Eco Incubator’ in Struga. The event followed a walk for discovering the beauties of Jablanicas` rich nature.
This event is a joint activity of the project ’Enhancing trans-boundary protection and development of the Jablanica-Shebenik mountain range by active local involvement’, conducted by MES and the project “Blue and green versus black and gray” implemented by LDA Struga. Both projects are funded by program IPA for cross-border cooperation with Albania.
The focus of both projects is to educate the local population about the correct way of using the natural resources in the region and to enhance sustainable development.