Со едукативни игри за преселбата на штрковите и уметничка работилница најмладите од Општината Чешиново-Облешево го славеа штркот на 6 мај. Општината одлучи дека и понатаму овој ден ќе се прославува како Ден на штркот и ќе организира прослави низ општината.
МЕД до скоро спроведуваше едукативни активности во сите училишта од Општината со кои се поттикнуваат децата да истражуваат повеќе за животот на штркот кој е симбол на нивниот крај. Токму затоа, децата од овие училишта беа првате кои учествуваа во прославата на штркот.
Преку активностите кои МЕД и Општина Чешиново-Облешево ќе ги спроведуваат до крајот на годината ќе се обезбедат и првичните податоци за бројот и густината на гнездата на штркови како и на хабитатите кои тие ги користат за исхранување и гнездење. За време на теренските истражувања МЕД планира да ги собира и народните преданија и песни поврзани со штркот.