Македонското еколошко друштво и германската невладина организација Еуронатур од 6ти до 8ми јуни беа домаќини на Балканската конференција за зелен појас, која се одржа во хотел Сириус во Струмица.

Конференцијата даде преглед на соработката и активностите долж Балканскиот зелен појас, со посебен осврт на различните просторни анализи и зелената инфраструктура. Освен тоа, засебен фокус беше даден и на стратешкото планирање на Иницијативата за балканскиот зелен појас, ставајќи ја во функција нејзината визија за зачувување на еколошката мрежа од природни и културни предели со висока вредност, истовремено почитувајќи ги економските, социјалните и културните потреби на локалните заедници.

Истовремено, Балканската конференција за зелен појас претставува одлична можност за размена на информации и искуства помеѓу сите партнери долж Балканскиот зелен појас.

Start typing and press Enter to search