Раководителката на секцијата Млади еколози, Марија Чобанова, денеска одржа одлично предавање со наслов „Тресетишта: Скриениот сојузник во борбата против климатските промени“.

Таа во своето предавање, освен досега познатата теорија, презентираше и сознанија кои ги има стекнато преку нејзината истражувачка работа, а даде предлози и за идни активности, како што е мерењето на емисии од тресетиштата.

Во Биолошкиот амфитеатар при ПМФ, присутни беа речиси 40 членови, од сите секции на МЕД, кои можеа да ги прошират своите знаења за тресетиштата.

Start typing and press Enter to search