Oд почеток на месец мај започна реализирање на проектот ,,Утврдување на хабитати според директивата на живеалишта во СП ,,Маркови Кули” и проценка на конзерваторскиот статус”. Во рамките на овој проект до крај на месец јули со теренски истражувања е покриена целата територија на Споменикот на природа ,,Маркови Кули”. При овие истражувања правени се вегетациски снимки при што е направен комплетен флористички попис и колекциониран е растителен материјал.
Материјалот е техничи обработен и подготвен за следната фаза – детерминација до ниво на вид или доколку е возможно и пониска таксономска категорија. По детерминирањето, пописот на видови ќе биде внесен во вегетациска база TurboVeg и потоа со дополнителни анализи со програмскиот пакет JUICE, во следната фаза на проектот ќе ја определиме синтаксономската припадност на истражуваните растителни заедници.