Оваа година беа искосени околу 10 хектари влажни ливади во близина на селата Долно Перово и Волкодери. Како резултат на оваа активност беа произведени околу 2 500 бали на сено кои ќе бидат донирани на 10-тина локални сточари и дел на НП „Галичица“.
На 25.06.2024 беше одржан завршен настан на кој беа презентирани резултатите постигнати во рамки на оваа активност во последните 5 години, при што посебно внимание посветивме на придобивките за природата од управувањето на влажните ливади, како и хранливите вредности на сеното од ливадите за поддршка на стоката.
На настанот присуство земаа претставници на Општина Ресен и ПП „Езерани“, НП „Галичица“, НП „Пелистер“, парнерите од PPNEA (Албанија), локални сточари, косачи, како и претставници од Македонско еколошко друштво (МЕД), а свој поздравен говор преку интернет упатија и SPP (Грција.
Овие активности беа спроведени како дел на проектот ПреспаНет III поддржан од ПОНТ (PONT) и ЕУРОНАТУР (ili Jensen).