Проектот за Ревитализација на шуми во Северна Македонија и Албанија претставува заеднички напор за соочување со еколошките предизвици, со кои се соочуваат двете земји. Како дел од Фондацијата на шведската поштенска лотарија, Иницијативата за северни шуми, цели кон контрибуција во ревитализацијата и зачувувањето на исклучително важни шумски екосистеми во Албанија и Северна Македонија, како и зајакнување на капацитетите и посветеноста на локалните, регионалните и националните чинители за одржливо управување со шумите. Овој проект контрибуира во ревитализација на предели кои се клучни за биодиверзитетот и потенцијални живеалишта на Балканскиот рис. Имлементација на решенија засновани на природата, како што е Ревитализацијата на шумски предели, на околу 40 хектари деградирана шума во „Буковиќ“ во Северна Македонија и „Паштрик-Морина“ во Албанија, во голема мера ќе придонесе за зачувување на биолошката разновидност и поврзување на околните заштитени подрачја.
Деградацијата на шумите има негативен тренд и во Северна Македонија и во Албанија. Некои од директните и индиректните влијанија на деградацијата, вклучуваат лошо управување со клучните предели за биодиверзитетот во заштитените подрачја, што не овозможува спречување на загубата на шумите. Покрај тоа, нелегалната сеча е долготраен проблем на Балканот, заедно со брзата урбанизација, промените во користењето на земјиштето и последиците од климатските промени.
Шумите на Буковиќ во најголем дел се застапени на северната и западната страна од планината; на источната и јужната страна се застапени деградирани шуми, додека пасиштата се наоѓаат во централната страна на планината. Исто така, шуми со високи природни вредности, со површина од околку 160 хектари, се идентификувани на Буковиќ.
Активности кои се планирани да се спроведат во рамки на проектот, се дел од следниве резултати:
1. Проценка за можности на ревитализација и план за ревитализација
2. Имплементација на терен за ревитализација на шумски предели
3. Настани и содржини за јакнење на капацитети
МЕД во соработка со Друштвото за заштита и зачувување на природните вредности во Албанија (PPNEA) , преку овој двегодишен проект, кој е предводен од Регионалната канцеларија на IUCN за Источна Европа и Централна Азија (IUCN ECARO), во двете земји, ќе ги искористи своите уникатни ресурси и експертиза за да создаде значајно и трајно влијание врз зачувувањето и обновувањето на шумските предели.
Проектот е дел од „Иницијативата за северни шуми“ финансиран од Фондацијата на шведската поштенска лотарија.