Македонското еколошко друштво се надоврза на прославувањето на Денот на екологијата, кој се роди на тркалезна маса во Европскиот Парламент во 2016 година, како означување на век и половина од постоењето на екологијата како наука.

МЕД за своите членови, во Зоолошката градина во Скопје, одржа детска работилница на тема „Балкански рис“. На работилницата присутни беа повеќе од 20 деца, заедно со своите родители. За едукативниот дел се погрижија Александар Павлов од МЕД, и едукаторот Александар од Зоолошката градина.

Децата покажаа голем интерес, но и предзнаење за балканскиот рис, што особено не радува.

Во продолжение видео и фотографии од тоа како си поминавме на настанот.

 

Start typing and press Enter to search