Македонското еколошко друштво оваа година го одбележа Светскиот ден на преселните птици со активност за членството.
Драго ни е што на вака убав начин го одбележавме Светскиот ден на птиците преселници и им го направивме денот поубав на нашите членови кои дојдоа на „Птичарење во парк“.
Орнитологот Данка Узунова уште еднаш покажа дека е одличен познавач на птиците, и со присутните сподели интересни факти и детали за нивното живеење, размножување и исхрана.
Нашите членови кои за првпат учествуваа на „Птичарење во парк“ и имаа прилика да искусат професионално набљудување на птици, покажаа голем интерес и потенцијал да продолжат со истражување на птиците.
Ги охрабруваме да продолжат да ги набљудуваат птиците и да ни ги испраќаат нивните фотографии.
Следното „птичарење“ ќе се одржи во Охрид, пред одржувањето на зимскиот цензус на водни птици.