Развојот на образовна програма за загадување на воздухот во Северна Македонија, е во согласност со иницијативата на УНИЦЕФ, да се обезбеди пристап за сите деца, промовирајќи партиципативно учење и интердисциплинарни пристапи, и вклучување на засегнатите страни и заедницата. Развивањето инклузивна наставна програма за проблемите, но и нивно интегрирање во наставата за квалитетот на воздухот во постоечките објекти, ќе им овозможи на учениците преку искуствено учење да стекнат различни навики, да се зближат со природата и животната средина и да формираат поинакво чувство на одговорност за нивно зачувување.
Предложените активности ќе се имплементираат во партнерските организации на Мрежата за искуствено учење – МИУ и ќе бидат дел од втората годишна образовна програма на Мрежата. Блиску до природата и во различно опкружување, активностите ќе овозможат проширување на образовните активности на децата, менување на перцепцијата за природата, постоечките односи и интеракции, постоечките притисоци на животната средина со фокус на квалитетот на воздухот.
Проектот ќе го спроведува МЕД во рамките на МИУ во периодот ноември 2023 – август 2024 година, а е во координација на УНИЦЕФ, со обезбедена финансиска поддршка од Шведска.