28.10.2024 –  Повеќе од 80 учесници од над 60 различни организации се сретнаа и разменија искуства на овогодинешната конференција, која ги обедини земјите долж Европскиот зелен појас со цел зајакнување на соработката.

Голем фокус на конференцијата беше ставен на проектот BESTbelt, финансиран од ЕУ, кој обезбедува мали грантови за организации што спроведуваат проекти долж Европскиот зелен појас. МЕД учествуваше со презентација за успешни приказни за зелени работни места и одржлив развој во регионот Шара-Кораб-Коритник, како и резултати од тековните проекти за Шар Планина коишто беа добро прифатени од колегите од целата мрежа на Европскиот зелен појас.

Исто така, презентирани беа интересни и значајни теми за Европскиот зелен појас, како што се ЕУ Законот за обновување на природата, велосипетски и пешачки патеки за долги релации и номинацијата на Германскиот зелен појас на привремената листа за УНЕСКО светско наследство.

Покрај претставниците на МЕД, на конференцијата присуствуваа и учесници од модел проектите и заштитените подрачја од регионот, кои ја искористија оваа можност за меѓусебна инспирација и соработка со сродни организации низ Европа.

Конференцијата беше организирана од Еуронатур и Асоцијацијата Европски зелен појас.

Start typing and press Enter to search