Меѓународниот конгрес за зоогеографија и екологија на Грција и соседните региони (ICZEGAR) веќе долго време претставува форум за презентација на истражувањата поврзани со биодиверзитетот во Медитеранот, а нашата мрежа на еколошки организации ПреспаНет е горда што имаше силно присуство на 16-тиот конгрес што се одржа во Атина минатата недела (03 – 06 јули).
Со седум различни презентации, нашиот тим ја истакна еколошката уникатност и предизвиците за заштита на прекуграничниот Преспански басен – од херпетолошки истражувања и мониторинг на инсекти, мали цицачи и птици, до поврзаноста на влажните живеалишта и документирањето на вредностите на планинските екосистеми во Преспа. Овие придонеси не се одраз само на спроведените научни истражувања, туку и на моќта на прекуграничната соработка и соработката помеѓу различни генерации, дисциплини и сектори.
ПреспаНет континуирано вложува во поддршката на млади истражувачи преку практикантски и волонтерски програми, како и организирање на наменски теренски кампови и прекугранични летни школи, со цел да го трансформира овој оддалечен регион во тренинг-поле за идните еколози. Нашите активности под името „Преспанска теренска лабораторија“ беа одразени во претставените активности на ICZEGAR 2025, каде што неколку од нашите презентери, кои и самите претходно учествувале во слични програми, сега ја споделуваат својата истражувачка и теренска експертиза со регионалната научна заедница.
Нашите научни придонеси на 16-тиот конгрес ICZEGAR беа:
- „Од Змиски остров до центар за истражување и едукација: Кој што научи на Голем Град?“ од Драган Арсовски, Ана Голубовиќ, Ксавиер Боне, Вукашин Бјелица, Љиљана Томовиќ
- „Проценка на островската популација на приоритетниот вид Testudo hermanni: Прелиминарни наоди од островот Свети Ахил, Мало Преспанско Езеро“ од Николаос Лиупис, Драган Арсовски, Таксиархис Данелис, Марија-Нефели Марину, Ирене Куцери
- „Важноста на поврзаноста на влажните ливади за поддршка на македонскиот мрморец“ од Даниела Јовановска, Драган Арсовски, Лазар Николов
- „Ентомолошката вредност на планината Триклариo/Сфика: Редови Orthoptera и Lepidoptera“ од Елефтерија Калцуни, Ирене Куцери, Ајкатерини Керасија Зимарикопулу, Николаос Лиупис, Елвира Сакуди, Николаос Филипис, Константина Насу, Апостолис Стефанидис, Василики Кати
- „Основна животна историја и заштита на еребицата камењарка (Alectoris graeca) во Националниот парк Галичица“ од Славе Накев, Методија Велевски
- „Истражување на фауната на мали цицачи на едно карстно плато на планината Триклариo, северозападна Грција“ од Николаос Лиупис, Ирене Куцери, Киријаки Баирктариду, Анита Логотети, Фотеини Папануси, Ѓоргос Кацадоракис
- „Сезонско следење на лилјаци во две избрани пештери во Националниот парк Галичица, Северна Македонија“ од Александар Стојанов, Александар Павлов, Дејан Димиџијевски, Андрей Гонев
Изразуваме благодарност до сите истражувачки институции и агенции за заштита на природата кои ја поддржуваа оваа работа низ годините:
- Универзитет во Белград, Србија
- Лабораторија за зачувување на биодиверзитетот, Универзитет во Јанина, Грција
- Катедра за биологија, Универзитет во Патрас, Грција
- Истражувачкото друштво на студенти биолози, Северна Македонија
- Центар за биолошки истражувања во Шизе, дел од Францускиот национален центар за научни истражувања
- Национален парк Галичица, Северна Македонија
- Лабораторија за молекуларна екологија и конзервациска генетика, Универзитет во Јанина, Грција
- Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Северна Македонија
Дознајте повеќе за нашата работа како ПреспаНет и за нашиот проект: https://prespa.mes.org.mk/prespanet/
Проектот ПреспаНет III, кој се реализира од 2024 до 2027 година, се поддржан од Prespa Ohrid Nature Trust (PONT), Aage V. Jensen Charity Foundation и EuroNatur.
Дознајте повеќе за погоре споменатите истражувања: 16th ICZEGAR 2025 – Book of abstracts
Што е ПреспаНет:
ПреспаНет е мрежа на три еколошки невладини организации — SPP (Грција), МЕД (Северна Македонија) и PPNEA (Албанија) — кои од 2013 година заедно работат на унапредување на заштитата на природата во прекуграничниот Преспански регион.
Активностите на мрежата се водени од пет стратешки столба:
- Водни птици, влажни живеалишта и климатски промени
- Еколошка едукација и подигнување на јавната свест
- Заштита на биолошки видови
- Заштита на слатководни острови
- Прекугранична соработка
Преку оваа иницијатива, ПреспаНет има за цел да ја обучи следната генерација еколози преку поттикнување размена на знаења, практични вештини и долгорочна посветеност кон природното наследство на регионот.