Македонското еколошко друштво организираше предавање на тема „Шесто масовно изумирање“, предводено од проф. Д-р Маја Јорданова, раководителката на секцијата „Еколошка едукација“.

Предавањето се одржа во еден од амфитеатрите на Природно-математичкиот факултет во Скопје и беше посетено во голем број од членовите на МЕД.

Предавањето направи присутните одново да се почувствуваат како студенти и разбуди инспирација за понатамошна дебата во која се вклучија речиси сите од членовите, што ни покажува дека треба почесто да се гледаме на вакви настани. Професорката одговори на сите прашања кои им се појавија на присутните, и даде идеи за насоки во кои треба сите ние да се движиме за да ја чуваме нашата планета.

Start typing and press Enter to search