Македонското еколошко друштво објавува повик за набавка на GPS уреди:
Инструкции за понудувачите
- Договорен орган
Договорен орган е Македонско Еколошко Друштво Скопје со адреса на Архимедова бр. 5, 1000 Скопје, телефон за контакт 02/2402773.
Лице за контакт кај договорниот орган е Данка Узунова, електронска адреса uzunova@mes.org.mk
- Предмет на договорот за набавка
Предмет на договорот е набавка на GPS уреди. Најзначајни критериуми се (i) квалитетот на понудениот производ (пред сѐ, капацитети), (ii) неговата портабилност и (iii) понудената цена.
GPS уреди за мониторинг на птици
– Трансмитери за птици од 20-25 грама, кои ќе се напојуваат на соларна батерија
– Трансмитери за големи корморани (нивната тежина е во просек помеѓу 2,6 и 3,6 килограми/5,7 до 7,9 фунти),
– Треба да имаат и барометарски сензор (собирање податоци за нуркање)
– Да постои опција за онлајн мониторинг (преку веб портал/апликација) и собирање на податоците.
– Треба да имаат дополнителна опрема што треба да се инсталира на птицата како ранец.
- Начин на испорака на понуда за извршување на услугата
Понудувачот е должен понудата да ја испорача по електронски пат на uzunova@mes.org.mk и arsovski@mes.org.mk или на поштенската адреса Ул. Тодор Скаловски бр.9а, 1000 Скопје.
- Рок на испорака / за извршување на услугата
Носителот на набавката е должен да го испорача предметот на договорот во рок од 30 работни дена од денот на склучување на договорот за набавка.
- Право на учество
Право да достави понуда има секое заинтересирано домашно и странско правно лице – понудувач, кое е регистрирано за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за набавка.
- Јазик на понудата
Понудата, како и целата кореспонденција и документи поврзани со понудата кои се разменуваат со понудувачот, се пишуваат на англиски јазик.
- Период на важност на понудата
Периодот на важност на понудата ќе изнесува 30 работни денови од денот утврден како краен рок за поднесување на понудите / на јавното отворање за чие времетраење понудата во сите нејзини елементи е обврзувачка за понудувачот.
- Цена на понудата
Цената на понудата се пишува со бројки и букви.
- Валута на понудата
Цената на понудата се изразува во евра или долари.
- Затворање и обележување на понудите
10.1 Краен рок и место за поднесување на понудите
Краен рок за поднесување на понудите е 12.06.2025 година до 16:00 CET часот.
Понудите се поднесуваат електронски на uzunova@mes.org.mk или arsovski@mes.org.mk или по пошта на МЕД на адреса бул. Тодор Скаловски ул7, бр.9а, 1000 Скопје
10.2. Понудата која е поднесена по истекот на крајниот рок за поднесување на понудите нема да се разгледува.
- Критериум за доделување на договорот
11.1 Критериум за доделување на договорот за набавка е економски најповолна понуда.
За носител на набавката ќе биде избран оној понудувач чија понуда ќе биде оценета како економски најповолна, односно која ќе освои најголем број на бодови како збир на бодовите за секој елемент на критериумот економски најповолна понуда.
11.2 Како елементи на критериумот економски најповолна понуда се земаат:
- цената: 50 бодови
- технички карактеристики на бараното: 50 бодови
- Известување за доделување на договорот за набавка
12.1. По завршувањето на изборот до сите учесници автоматски се испраќа известување за понудувачот кој што поднел најповолна понуда. Известувањето е од информативен карактер и не предизвикува правни последици.
12.2. Избраниот најповолен понудувач ќе биде известен во електронска форма дека неговата понуда е прифатена, најдоцна во рок од 3 дена од донесувањето на одлуката за избор на најповолна понуда. Во исто време, и сите понудувачи ќе бидат известени за резултатите од изборот и одлуката кој е најповолен понудувач.
Датум на објавување: 30.05.2025
Преземете ја понудата на македонски јазик во ПДФ на следниот ЛИНК 1.
Преземете ја понудата на англиски јазик во ПДФ на следниот ЛИНК 2.