Нова можност за младите еколози истражувачи да добијат и спроведат мал или среден грант и да искусат вистинско истражување. Македонското еколошко друштво, преку Програмата за поддршка на млади еколози „Д-р Љупчо Меловски“ со гордост го распишува новиот повик за мали и средни грантови, преку кој еколозите не постари од 30 години можат да аплицираат за мал или среден грант. Во продолжение прочитајте ги правилата за аплицирање.
За мал и среден грант се аплицира со пополнување на апликација заедно со пропратна табела со активности и со пополнување на буџет со временска рамка (мал грант, среден грант).
Следете ги инструкциите во упатството и во самите урнеци.
Овде може да симнете пример со пополнета табела со активности и пример финансиски извештај со временска рамка од фиктивен проект.
Ги очекуваме вашите апликации со предлог проектите за мал грант најдоцна до 25.02.2025 на полноќ, додека рокот за средни грантови е до 01.03.2025 на полноќ.
Пополнетите урнеци со резимеата (CV) од целиот тим (раководител, членови и ментор), испратете ги на arsovski@mes.org.mk.
Во продолжение прочитајте ги веќе реализираните мали и средни грантови од Програмата за поддршка на млади еколози.