Локалното население ја препознава потребата за заштита на Јабланица
На 19 септември во соработка со Фондацијата „Фридрих Еберт“ од Скопје организиравме планинарска тура на Јабланица наречена „По патеката на заборавените“. Во рамки на овој настан се презентираа и најинтересните резултати од истражувањето што го спроведовме во врска со мислењето на локалното население за заштита на природните вредности и прогласување на Јабланица за национален парк. Добивме навистина убави резултати кои покажуваат висока свесност од страна на локалното население.
На следниов линк прочитајте дел од нив.
На настанот учествуваа претставници на општините Струга и Вевчани, претставници на донатори кои работат во регионот, планинари и локално население. Се движевме до Вевчанска Локва а потоа го посетивме и селото Вишни каде разговаравме за одржливиот развој на регионот и можностите поврзани со туризмот.