24.02.2025 – Локалните акциони групи „Пријатели на Шара“ од Македонија, Лаг „Кораб-Коритник“ од Албанија и Лаг „Шари“ од Косово одржаа состанок во Кукс Албанија на 21 и 22 февруари.

Целта на состанокот беше размена на искуства и информирање за активностите на лаговите од 2023 година, кога се одржа последниот прекуграничен состанок во Призрен, Косово.

Лаговите дискутираа дека темите како едукација за природа, одржлив туризам и соработка и промовирање на регионот Шара-Кораб-Коритник се и понатаму во фокусот на работата и дека  потенцијалот за прекугранична соработка е голем.

Во рамки на состанокот беше посетен и водопадот Топојани како успешен пример од претходни поддржани проекти на локалната акциона група „Кораб-Коритник“.

Start typing and press Enter to search