Правилното планирање на просторот и користењето на земјиштето е од суштинско значење за одржувањето и развојот на зелената инфраструктура и обезбедување на сите придобивки од неа. Со цел да се промовира концептот на зелена инфраструктура и да се види колку таа е вклучена и имплементирана во националната и ЕУ легистативата, беше иницирана прва работилница за зелена инфраструктура со клучните чинители поврзани со планирањето на просторот и заштитата на природата. Учесници на оваа работилница беа претставници од Министерството за животна средина и просторно планирање, Јавното претпријатие за државни патишта, Природно-математички факултет при УКИМ и Архитектонски факултет при УКИМ, консултантски фирми како и невладини организации кои работат на заштитна на животната средина и просторно планирање (Фармахем, Манеко и Урсус Телеа).

Учесниците имаа можност да се запознаат со концептот на зелена инрфаструктутра, анализите за легислативите поврзани со просторното планирање и зелената инфраструктура кај нас и во ЕУ, да видат добри практитки на просторно планирање и да продискутираат за подобрување на состојбата со зелената инфраструктура кај нас.

 

Start typing and press Enter to search