Македонското еколошко друштво на 6 септември во соработка со ЗОО Скопје го одбележаа Меѓународниот ден на мршојадците.
Едукативното предавање го предводеа Арта Старова и Искра Манојлоска, а учество земаа извидниците од Првиот Скопски Извиднички Одред.
Присутните првин го посетија кафезот со белоглавите мршојадци во ЗОО Скопје, а потоа продолжија во Едукативниот центар, каде преку друштвени игри извидниците можеа да научат повеќе за овие импресивни птици.
МЕД традиционално го одбележува Меѓународниот ден на мршојадците – птиците кои играат незаменлива улога во природата, како еден вид потсетување дека тие се и најзагрозената група птици во светот, односно околу 70% од сите видови мршојадци се класифицирани како ранливи, загрозени или критично загрозени.