Оглас за административно-технички асистент

Назив на работно место: Административен и финансиски асистент

Локација:  Скопје, Р. Северна Македонија

Тип на договор:  Договор на определено време

Рок за аплицирање: 22.09.2025 година

 

  1. ЦЕЛ НА РАБОТНОТО МЕСТО

 

Бараме aдминистративен и финансиски асистент кој/а ќе обезбедува финансиско управување, административна координација и логистичка поддршка за ефикасна имплементација на LIFE проект, во согласност со финансиските регулативи на Европската комисија, Правилникот на LIFE програмата и Договорот за грант на проектот.

Оваа позиција обезбедува сите трошоци да бидат соодветно евидентирани, прифатливи и документирани, а административните задачи да се завршуваат навремено и во согласност со правилата.

 

  1. КЛУЧНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ
  2. Финансиска администрација
  • Следење на трошењето и информирање за состојбата со проектниот буџет .
  • Проверка на прифатливоста на трошоците и усогласеност со Финансиските насоки на Програмата LIFE (согласно PRAG, https://wikis.ec.europa.eu/spaces/ExactExternalWiki/pages/152798604/ePRAG).
  • Прибирање, проверка и архивирање на придружна документација (фактури без ДДВ, сметки, работни табели , договори, тендерска документација).
  • Помош при подготовка на периодични и завршни финансиски извештаи за доставување до Европска Комисија.
  • Водење евиденција за плати и работни табели за вработените на проектот, според правилата на Програмата LIFE.
  • Подготовка и одржување на документација подготвена за ревизија за сите трошоци.

 

  1. Административна поддршка
  • Одржување организиран систем за архивирање (хартиен и електронски) за целата проектна документација.
  • Асистенција на координаторорт при управување со проектната кореспонденција, вклучително и изготвување дописи, email и формулари за ЕК.
  • Закажување и асистирање за време на состаноци, работилници и обуки.
  • Подготовка на записници од состаноци и нивна дистрибуција до релевантните страни.
  • Организирање патувања, сместување и логистика за вработените и партнерите.
  • Асистенција на координаторорт при набавка на опрема финансирана од LIFE и одржување на регистар.
  • Обезбедување превод на административни или финансиски документи кога е потребно.

 

  1. Координација и усогласеност
  • Осигурување дека сите активности на проектот се во согласност со Правилникот на Програмата LIFE и Договорот за грант.
  • Комуникација со водечката организација на проектот за навремено доставување на извештаи и документација.
  • Поддршка на раководителот на проектот и финанскиот менаџер во комуникацијата со мониторинг тимот на ЕК и ревизорите на Програмата LIFE.
  • Помош при постапки за јавни набавки: подготовка на тендерска документација, прибирање понуди, изработка на евалуациски извештаи.

 

 

  1. КВАЛИФИКАЦИИ И ИСКУСТВО

 

Задолжителни:

 

  • Универзитетска диплома по економија, бизнис администрација, финансии, сметководство или сродна област; ИЛИ еквивалентна професионална обука со најмалку 5 години релевантно искуство.
  • Најмалку 3 години искуство во управување со финансии и администрација на проекти, по можност финансирани од ЕУ фондови.
  • Докажано познавање на правилата за прифатливост на трошоците на ЕУ, процедурите за јавни набавки и барањата за известување.
  • Одлично владеење на Microsoft Excel, MS Office и сродните апликации во Libre Office.
  • Одлични организациски вештини и внимание на детали.
  • Мајчин јазик – македонски, со добро познавање на англиски јазик (B2 или повисоко).

 

Посакувани:

 

  • Претходно искуство со IPA програмата или други ЕУ проекти
  • Познавање на терминологија и цели за заштита на биодиверзитетот.
  • Основни познавања во управување со финнсии
  • Искуство со софтвер за управување со проекти.

 

  1. ХИЕРАРХИЈА НА ИЗВЕСТУВАЊЕ

 

Административниот и финансискиот асистент директно одговара на Раководителот на проект и работи во тесна координација со Финансискиот менаџер и техничкиот тим.

 

  1. ИНДИКАТОРИ ЗА УСПЕШНОСТ

 

  • Навремено и точно следење на буџетот и финансиско известување.
  • 100% усогласена документација за сите трошоци на проектот.
  • Без негативни забелешки од мониторинг посети или ревизии на ЕК поврзани со финансиските/административните постапки.
  • Ефикасно спроведување на состаноци, настани и комуникација со партнерите на проектот.
  • Почитување на проектните рокови и роковите за известување кон LIFE.

 

  1. ШТО НУДИМЕ

 

  • Работно време: 40 часови неделно
  • Пробен период: 2 месеци од почеток на работен ангажман
  • Плата: 44.000, 00 денари почетна плата, со можност за зголемување врз основа на работното искуство, перформансите, степенот на образование и обемот на работа
  • Времетраење: Договор на дело за првите два месеци, со можност договорот да трае до 30ти јуни 2030 година.
  • Релативно слободна работна динамика – работа во канцеларија и онлајн
  • Работна средина базирана на соработка и поддршка
  • Можности за професионален развој.

 

  1. КАКО ДА АПЛИЦИРАТЕ

 

Заинтересираните кандидати се поканети до 22.09.2025 година да достават на uzunova@mes.org.mk и contact@mes.org.mk свое резиме (CV), мотивациско писмо (не подолго од една страница), портфолио со релевантни дела (на пр. портфолио од спроведени проекти) и контакт од 2-3 референтни лица кои може да бидат контактирани околу претходните работни ангажмани. Ве молиме во насловот да ја наведете темата: „Апликација за административен и финансиски асистент – [Вашето име]“.

 

Придружете ни се за да направиме разлика за природата на национално ниво! Со нетрпение ги очекуваме вашите апликации!

 

ЗА НАС

 

Македонско еколошко друштво (МЕД) е најстарата граѓанска организација од полето за животната средина и природата во Македонија, со посветен тим кој работи на истражување и зачувување на биодиверзитетот. Нашата мисија е да го заштитиме и промовираме уникатното природно наследство на национално ниво, преку научни истражувања, вклучување на заедницата, едукација и меѓународна соработка.

 

***

 

За дополнителни прашања, контактирајте нè на uzunova@mes.org.mk и contact@mes.org.mk.

Scroll to Top