Мрежа за искуствено учење – проширување и одржливост

Времетраење: јули 2025 – октомври 2027

Финансиер: SIDA – Swedish International Development Agency

Спроведувач: МЕД и УНИЦЕФ

Вклучени партнери (меѓународни/национални): Едукативен центар Негрево, Хидробиолошки институт, Природно научен музеј, Народна техника на Град Скопје, Ботаничка градина, НП Галичица, Биотехнолошка лабораторија – Скопје

Главни цели на проектот: проширување и обезбедување одржливост на Мрежата

Подрачје/а за реализација на активностите по проектот: основни и средни училишта на национално ниво

Проектот има за цел да обезбеди долгорочна одржливост на Мрежата за искуствено учење (МИУ) преку финансиска поддршка за континуирано функционирање, и понуда на едукативни активности со методи на искуствено учење, за ученици и наставници од основно и средно образование, зајакнување на соработката со постојните и вклучување нови партнерски организации.

Главните активности вклучуваат посети на едукативни центри и училишта, теренски истражувања и активности надвор од училницата, организирање работилници на отворено, едукативни кампови и онлајн предавања, како и промоција на МИУ преку јавни и научни настани.

Проектот придонесува за проширување на еколошките знаења кај учениците и наставниците, развивање чувство на одговорност кон природата и унапредување на формалното образование во согласност со наставните програми на БРО и МОН.

Лицa за контакт: Светлана Пејовиќ, Елена Минова, Искра Манојлоска

 

Scroll to Top