Предизвик за 2021
„Дали можеме да ги наттрчаме египетските мршојадци?“
Инспирирани од резултатите кои ги постигнавме минатата година, ентузијазмот и радоста на повеќе 180 луѓе од 19 земји кои го исполнија мотото „птиците го поврзуваат светот“ и се натпреваруваа и ги наттрчаа трите египетски мршојадци кои беа следени со ГПС трансмитери, ве покануваме на нов предизвик!
Денеска на денот на мршојадците пријавете се да трчате на новиот предизвик за 2021 „Дали можеме да ги наттрчаме египетските мршојадци“? Оваа година предизвикот ќе биде уште поинтересен.
На 18ти септември, кога миграцијата на египетските мршојадци е во полн ек, ќе се обидеме да ги наттрчаме најбрзите единки кои ги следиме со ГПС. Два дена пред настанот ќе објавиме кои птици ќе се обидеме да ги победиме.
Секоја година египетските мршојадци прелетуваат над 4000км за време на нивната миграција до Африка каде презимуваат. Тој прелет не е само трка со времето, тој е трка за преживување и тест на нивната издржливост!
Подгответе се да истрчате една милја! Во сабота, 18ти септември (во текот на целиот ден), ве покануваме да трчате заедно со трите најбрзи египетски мршојадци. Дали ќе успееме да стигнеме подалеку од нив? Одговорот ќе го имаме на крајот на денот.
За да учествувате на предизвикот:
- На 18ти септември, загрејте се и потоа истрчајте или изодете најмалку 1,6км (тоа е една милја)! Ова може да го направте каде сакате – дома, во двор, во парк или на планина.
- За да добиете официјален број за трчање пријавете се на глобалниот настан со пополнување на формулар тука: https://forms.gle/u9P7Qy4XkLKDW72r6
- Споделете на фејсбук колку сте истрчале со хаштагот #AmilefortheEV.
- Споделете со нас фотографии/видеа и помогнете ни да му покажеме на светот колку е неверојатен и важен египетскиот мршојадец!