ИКС го објави истражувањето: „Локални приоритети за заштита на животната средина во регионите со заштитени подрачја“

(Демир Капија, Преспа, Струмица, Пелагонија, Тиквеш и Охрид)

Кои се најгорливите еколошки проблеми во регионите со заштитени подрачја? Колку во формалното образование се учи за екологијата и заштита на животната средина? Дали младите се вклучуваат во воннаставни активности во оваа област и што преземаат граѓанските организации и институциите за зачувување на животната средина се само дел од прашањата опфатени со истражувањето „Локални приоритети за заштита на животната средина во регионите со заштитени подрачја (Демир Капија, Преспа, Струмица Пелагонија, Тиквеш и Охрид) што го спроведе Институтот за комуникациски студии во партнерство со Македонското еколошко друштво (МЕД).

Главната цел на истражувањето е да се зајакнат комуникациските капацитети за застапување на граѓанските организации и младите и да се засили учеството на јавноста во носењето на одлуки за животна средина.

Како посебни цели се нотирани: (1) Подигнување на свеста за проблемите со животната средина што влијаат врз локалните заедници, (2) Притисок врз јавните институции за спроведување партиципативни мерки и активности за одржлив развој, (3) Воведување процеси и процедури за партиципативна политика за унапредување на животната средина во соработка со јавните институции и со другите заинтересирани страни, (4) Подобрување на дијалогот и квалитетот на комуникацијата на граѓанските организации и граѓаните со креаторите на политиките за животната средина.

Истражувањето „Локални приоритети за заштита на животната средина во регионите со заштитени подрачја (Демир Капија, Преспа, Струмица Пелагонија, Тиквеш и Охрид) се реализира во рамки на проектот: „Локална акција за подобри политики за заштита на животната средина“ поддржан од Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР).

Истражувањето можете да го преземете тука

Start typing and press Enter to search