„Мониторинг и управување со зачувувањето на природата во Преспа“

11-16 септември 2022 година, Национален Парк „Преспа“, Албанија

Краен рок за пријавување: среда, 24 август 2022 година

Оваа година се организира четвртата прекугранична школа со рамките на мрежата ПреспаНет. Во оваа мрежа учествуваат нашите партнерски организации Заштита и зачувување на природната средина на Албанија (ППНЕА) и Здружението за заштита на Преспа (СПП) од Грција.

Летната школа ќе има теоретски сесии и практични активности кои ќе се спроведуваат во преубавиот Национален Парк „Преспа“ во Албанија. Учесниците ќе можат да уживаат во убавината и уникатноста на пределите и биодиверзитетот на Преспа, истовремено учејќи за концептите и методите за истражување и мониторинг на влажни предели и птици, активности кои се спроведуваат секојдневно од страна на партнерските организации.

Мрежата ПреспаНет ја основавме во 2013 година со цел да ги зајакнеме напорите за зачувување на природата во прекуграничниот парк Преспа а, преземаме активности во пет главни програмски области кои вклучуваат: 1. Водни птици, влажни предели и климатски промени; 2. Еколошка едукација и комуникации; 3. Зачувување на диви видови; 4. Зачувување на острови во слатки води и 5. Прекугранична соработка.

Летната школа која трае една недела ќе зближи студенти со различна образовна и културна позадина со цел да споделат вештини и разбирање и да стимулира учење од врсници и развој преку стекнување на нови искуства. Школата ќе обезбеди експертско ниво на обука за теренски истражувања за идната генерација на еколози за пошироката околина на Преспа.

Едукативни теми:

  • Мониторинг на влажни предели
  • Управување со хабитати и обновување на предели
  • Методи за идентификација и мониторинг на птици
  • Закани за влажни живеалишта и птици; климатски закани како голема закана
  • Вклучување на локалното население во зачувување на дивите видови

 Информации за апликантите

Летната школа е отворена за студенти од Албанија, Северна Македонија и Грција и вкупно ќе учествуваат 20 студенти со додипломски или последипломски студии во екологија, природни науки, земјоделски науки, педагогија или други сродни области. Официјалниот јазик на летната школа е англиски и добро користење на англиски треба да се прикаже во пополнувањето на апликацијата.

Приоритет ќе имаат учесници од регионот, или оние кои студираат на регионални универзитети, а ќе бидат прифатени и скорешни допломци и тие кои работат во сродни дисциплини во Преспа.

Летната школа е бесплатна за учесниците – хранат, сместување, транспорт и осигурување ќе бидат обезбедени од страна на организаторите. Дополнителни детали за транспорт, сместување и програмата ќе бидат доставени до успешните апликанти.

На крајот од успешно завршената летната школа учесниците ќе добијат сертификати за успех.

За да учествувате на летната школа ве молиме да ја пополните апликацијата тука и да го испратите вашето ЦВ на contact@ppnea.org пред полноќ на 24 август 2022 година. Успешните апликанти ќе бидат известени на 31 август 2022 година.

Летната школа е директно организирана од страна на ППНЕА преку проектот „Проект Преспа – Зачувување на биодиверзитетот во Преспанскиот басен“, кој е финансиран од страна на ПОНТ и Фондацијата Aage V. Jensen Charity, со поддршка од ЕуроНатур. Овој прекуграничен проект има за цел да ја зајакне соработката помеѓу партнерите во мрежата ПреспаНет преку конкретни конзервациски активности во регионот, преку интегрирана прекугранична активност за зачувување на биодиверзитетот и особен фокус на работење со млади луѓе.

Start typing and press Enter to search