Македонското еколошко друштво на 25.01.2025 одржа предавање и ја отвори изложбата на тема „Автохтони видови на водоземци и влекачи во Македонија.
Предавањето го одржа херпетологот Д-р Драган Арсовски, а доделени беа признанија за авторите на победничките фотографии од фото-конкурсот кој МЕД го спроведе минатата година.
Покрај Арсовски, пред публиката се обратија и Дарко Спасов, кој е директор на Театар Комедија, и Искра Манојлоска од МЕД.
Среќни сме на големиот интерес за настанот и убавата публика која нѐ поттикнува да размислуваме и на теми за идните настани кои ќе ги организираме.
За сите оние кои не дојдоа на настанот, а сакаат да ги погледнат фотографиите од изложбата, тоа може да го направат во следните три недели во Театар Комедија.